X
 22.10.2017 Култура

Една од најбизарните професии на светот носи заработка до 4.200 евра на ден


Човек забележува нешто во бележник
(Фото: Thinkstock)


Мију Коџима од Јапонија има многу необична професија.

Оваа девојка на возраст од 24 години работи за компанијата „Ту ду“ (To Do) која се занимава со чистење на домовите на починатите луѓе.

Нивната т.н. „самотна смрт“, на јапонски јазик се нарекува „кодокуши“, пренесува „Ал џезеира“.

Станува збор за сè почест феномен во Јапонија, каде што има сè повозрасна популација. Мију е единствена жена и најмладиот вработен човек во оваа компанија.

„Главно ги чистам становите и куќите каде што се случила ’самотна смрт‘, а исто така организирам и погреби на починатите“, рекла Коџима која со оваа работа се занимава веќе две години.

Покојните луѓе чии домови ги чисти, во просек биле мртви помеѓу еден месец и два дена, а најдолго осум месеци.

Мију понекогаш ги чисти и домовите на луѓето кои починале во болница, кои биле убиени или извршиле самоубиство.

Младата Јапонка вели дека секое утро има состаноци со своите колеги, на кои дискутираат што ќе работат во тековниот ден.

Потоа, на зададената локација одат шестмина луѓе.

Со работната задача завршуваат по околу 15 часа, а на секое чистење заработуваат помеѓу 2.500 и 4.200 евра.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура