X
 22.10.2017 Технологија

Како да откриете дали сте блокирани на „Вацап“ и други тајни на оваа социјална мрежа


WhatsApp на смартфон
(Фото: Getty images)


Како да станете невидливи на „Вацап“?

Ако не сакате да ве гледаат другите корисници на „Вацап“ на Андроид (вашиот статус, фотографиите или информациите за корисничкиот профил), одете на Menu -> Settings -> Account -> Privacy, каде што ќе ги промените поставките за видливост на вашите лични податоци.

Кога станува збор за „Вацап“ на Ајос, процедурата е уште поедноставна: во рамки на секцијата Settings изберете го табот Privacy, каде што ќе можете да ја нагодите видливоста на вашите податоци.

Како да издвоите некои пораки?

Текстот во вашите пораки можете да го издвоите со задебелени букви, со курзив или да го прешкртате.

•    За да го поставите текстот во курзив, внесете: _текст_
•    За да го поставите во задебелен фонт: *текст*
•    Ако планирате да го прешкртате текстот: ~текст~

Како да пратите групна порака без да ја отворате групата?

За да ја активирате оваа функција, одете на Chats -> Menu -> New broadcast. Притиснете + или внесете го името на примачот и пораката ќе ја прими секое лице што сте го навеле во адресата. Секој од нив ќе добие порака на вообичаен начин, што значи дека нивните одговори нема да може да ги читаат други лица на кои сте им пратиле порака.

Како да препознаете дека сте блокирани?


Постојат неколку знаци дека некој не сака да разговара со вас:

•    Нема да можете да видите кога некоја личност последен пат била онлајн;
•    Нема да можете да ја видите новата профилна слика на контактот;
•    Сите ваши пратени пораки се штиклирани само еднаш;
•    Кога ќе направите групна порака, нема да можете да ја додадете таа личност (тоа значи дека сте блокирани).

Меѓутоа, не мора да значи дека навистина сте блокирани и покрај наведените знаци кои упатуваат на тоа, бидејќи постои можност лицето да ги променило поставките за видливост на својот профил или да ја избришало апликацијата.

Како да прекинете автоматско преземање на мултимедијални содржини?

„Вацап“ има лоша навика да ги складира сите податоци што ги добивате во текот на разговорот. Оваа функција понекогаш толку смета, што корисниците мораат да ја исклучат. За да го направите тоа на Андроид, изберете: Settings -> Data Usage и таму поставете ги нужните параметри за преземање податоци. Слично е и кај Ајос: Settings -> Data and Storage Usage -> Media.

Како да препознаете лажни контакти?

Речиси секој може да ја користи специјалната апликација за праќање СМС пораки за активација. Ако сакате да проверите дали станува збор за робот, секогаш можете да го побарате корисникот преку „Вацап“. Привремените (бесплатни) виртуелни броеви речиси секогаш се неактивни или не се поврзани на мрежата.

Како да го намалите звукот за гласовните пораки?

Сè што треба да направите е да го подигнете телефонот до увото и „Вацап“ звукот ќе го префрли на малиот звучник. Како апликацијата го постигнува тоа? Со помош на жироскопот кој, меѓу другото, препознава дали телефонот го држите вертикално или хоризонтално.   
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија