X
 22.10.2017 Култура

Лекции од Амелија Ерхарт: „Никогаш не го прекинувајте некој во правењето на она што вие сте рекле дека не може да биде направено“


amelija

„Дојде време жените да ги преземат машките улоги, дури и она што и за мажите е тешко. Само така ќе може да се изгради сопствената личност и да си дозволите себеси поголема независност и слобода. Ваквиот став ме натера да го работа она што го сакам и да го работам како што треба“.

Амелија Ерхарт

Целата филозофија на животот и делото на Амелија Ерхарт, американската авијатичарка, првата жена која самостојно го прелетала Атланскиот Океан, се сумирани во оваа изјава. Амелија била жена со неограничен ум, борец за своите права и правата на сите други жени, незапирлива, со еден збор - пример, еднакво тогаш како и денес.

Уште од детството се знаело дека Амелија низ животот ќе се соочува со машка улога, избирајќи професии кои биле строго наменети за мажите во текот на првата деценија на 20-от век. Уште како мала активно се занимавала со спортот, нејзиниот татко ја научил да ракува со оружје и подоцна стрелаштво, па наместо со кукли таа си играла со пиштоли.

Иако целиот нејзин живот го посветила на летање, не секогаш ѝ била верна на небото. На почеток, избрала профитабилна окупација - медицинска сестра. И не само тоа, во текот на Првата светска војна Амелија била една од најактивните медицински сестри.

Првата средба со авионот била во 1908 година, кога ја видела скаламерата на браќата Рајх. Сепак, таа не била многу импресионирана, сè до 28 декември 1920 година, кога со нејзиниот татко го посетила аеромитингот во Калифронија. Тогаш рекла: „Знам дека морам да летам“.

Со нејзината заштеда и заштедата на мајка ѝ, успеала да го купи својот прв авион со жолта боја, што симболично го нарекувала канаринец. Со оглед на тоа што била доста упорна, таа наскоро го рушила висинскиот рекорд за женските пилоти. Се искачила на надморска височина од 4,267 метри и на сите им дала до знаење дека планира уште долго време да остане на таа височина.

После првиот подвиг што предизвикал огромен ентузијазам, Амелија не запрела. Таа станала првата жена пилот што успеала да го прелета растојанието помеѓу Хонолулу и Калифорнија.

За жал, нејзината кариера и живот завршиле на трагичен и прилично неразјаснет начин. Непосредно пред својот 40-ти роденден, во обид да го прелета светот и да стане првата жена што ќе го направи овој подвиг, загинала некаде во Пацификот.

Нејзиното тело и остатоци од авионот не се пронајдени до денес.

Во продолжение се нејзините најмудри лекции и мисли.

„Најефективниот начин да се направи нештото, е - да се направи!“

„Жените, како мажите, треба да се обидат да го направат невозможното. А кога нема да успеат, нивниот неуспех треба да биде предизвик за другите“.

„Самата авантура е вредна да се доживее“.

„Храброста е цената што животот ја изнудува, во замена на мирот“.

„Никогаш не го прекинувајте некој во правењето на она што вие сте рекле дека не може да биде направено“.

„Честопати кажувам дека, подготовката е две-третини од било кој подвиг“.

„Одлучете, дали целта е вредна за ризикот. Ако вреди, престанете да се грижите“.

„Една единствена акција на добрина пушта корени во сите насоки, а корените никнуваат и создаваат нови дрвја“.

„Постои многу повеќе во животот, отколку да се биде само патник“.

„Не постојат граници, само хоризонти - само слобода“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура