X
 23.10.2017 Економија

Еврото растура: А се веруваше дека од 2015 година почнува најлошото...


Евра
(Фото: Thinkstock)


Еврото се засили во споредба со швајцарскиот франк и со курс од 1,163 франци достигна највисоко ниво од јануари 2015 година.

Тогаш швајцарската централна банка одлучила дека нема веќе да го држи курсот на граница од 1,20 франци за евро, што особено ги шокирало сопствениците на хипотекарни кредити во франци.

Во однос на американската валута, крајот од седмицата еврото го дочека со курс од 1,18 долари.

Биткоинот ја пробил границата од 6.000 долари, со што пазарната капитализација на оваа криптовалута првпат надминала 100 милијарди долари. Оваа година вредноста на биткоинот пораснала за вртоглави 500 отсто, но мислењата за оваа валута и натаму се поделени.

Едни сметаат дека тоа е класичен шпекулативен балон кој со текот на времето ќе пукне, додека други се уверени дека сè уште постои простор за пораст.

Во анкета за Си-ен-би-си (гласале повеќе од 23.000 интернет-корисници), речиси половина сметале дека биткоинот ќе ја надмине магичната граница од 10.000 долари.

Во едно интервју слични ставови покажал и некогашниот управувач со хеџ-фондови, Мајкл Новограц, велејќи дека биткоинот во наредните шест до десет месеци ќе ја пробие границата од 10.000 долари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија