X
 25.10.2017 Култура

Пристигнува Марвеловиот херој „ТОР - РАГНАРОК“, претпремиерно на 9 дена пред САД

Новиот Тор има смисла за хумор, велат од Марвел!



Четири години од последното продолжение, нордискиот бог Тор се враќа на големото платно во филмот „Тор – Рагнарок“. Режисерот Таика Ваитити, кој за прв пат режира холивудски филм, се покажа како совршен избор бидејќи заврши одлична работа. На Тор му додаде нови ликови, но и замеша и доста комични делови. Неговата наклоност да ја направи секоја ситуација забавна, фантастично се вклопи во обликувањето на малку поинаков суперхерој, кој е смешен и се разликува од досегашниот сериозен Тор, но сепак функционира совршено. Ваитити овој филм го направи толку ентузијастичен и урнебесен чиј резултат е динамично, самоуверено возење кое ни носи толку забава како ниту еден филм за суперјунаци досега.

Тор – Рагнарок има особен дизајн и неверојатни визуелни ефекти кои навистина ја оправдуваат Торовата титула на бог на громот и молњата. Живописни ликови, меѓу кои Хулк (Марк Рафало), Локи (Том Хидлстон), Хела (Кејт Бланшет), Валкири (Теса Томпсон), Доктор Стрејнџ (Бендикт Камбербач) и Один (Ентони Хопкинс) ниту на еден момент нема да ви дозволат да се опуштите и ќе ве натераат грчевито да се држите за седиштето и да ја очекувате следната акција.

Знаеме кој е Тор, но која е Хела?

Кејт Бланшет, добитничката на наградата Оскар се најде на потполно нов терен кога прифатила да ја толкува улогата на Хела. „Кога ми понудија да ја глумам Хела, се потрудив да останам рамнодушна, но всушност бев толку возбудена бидејќи вакви улоги не добивам често. По краткото истражување сфатив дека сум во Марвелов филм во кој досега не постоеше женски негативец. Знаев дека оваа улога ќе биде многу возбудлива“, вели Кејт. „Најдобри негативци се оние кои ги сакаш, но не ти се допаѓа што прават. На некој начин ги разбираш, постои тука некоја логика, но не се тотално луди. Хела е неверојатна и нереална, но сепак постои желба длабоко во неа да ја пронајде особата која луѓето можат да ја разберат.“

Не го пропуштајте овој сјаен, урнебесно смешен Марвелов спектакл од 26.10.2017 во киното Cineplexx.

Една од најпрофитабилните хорор франшизи на сите времиња се враќа на големото платно! „Сложувалка на стравот 8“ (Jigsaw) ни носи нови изопачени сценарија.

Низ градот постојано се појавуваат нови тела, секое од нив завршено во уникатна ужасна смрт. Како што тече истрагата, доказите укажуваат кон само еден човек: Џон Крамер. Но, како е ова можно? Човекот познат како Сложувалка е мртов повеќе од една деценија.

Семејството Вишбон е далеку од среќно семејство. Во обид да го поврзе семејството, мајката Ема планира весела ноќ. Но, нејзиниот план тргнува наопаку кога злобната вештерка ги проколнува и ги претвора сите во чудовишта. Анимираниот филм „Моето чудовишно семејство“ ни доаѓа на репертоарот.

Викендот е разервиран за најмладите во кино. Подготвивме многу забава и изненадувања на за посетителите на „Cineplexx Семејниот ден“ кој ќе се оддржи оваа сабота (28.10) со почеток во 12:00ч до 16:00ч.

КИНО ПРОГРАМА (26.10.2017-01.11.2017)

Тор - Рагнарок Дигитал 3D (Thor:Ragnarok)
работни денови: 15:00, 17:30, 20:00, 22:45, 23:40
викенд: 12:30, 15:00, 17:30, 20:00, 22:45, 23:40

Тор - Рагнарок Дигитал 2D (Thor:Ragnarok)
работни денови: 16:00, 18:50, 21:30
викенд: 13:30, 16:00, 18:50, 21:30

Сложувалка на стравот 8 (Jigsaw)
секој ден: 17:00, 19:00, 21:00, 23:00

Геосторм 3Д (Геосторм)
секој ден: 18:15, 20:15, 22:15

Ледерфејс: Почеток 2Д (Leatherface)
секој ден: 18:00, 20:45

Снешко 2Д (Snowman)
секој ден: 19:45, 22:00

Истребувач 2049 3Д (Blade Runner)
секој ден: 20:30

Истребувач 2049 2Д (Blade Runner)
секој ден: 18:40, 21:45

Кингсмен 2Д (Kingsman: Golden Circle)
работни денови: 17:45, 22:30
викенд: 14:40, 17:45, 22:30

Американски Платеник 2Д (American Assassin)
секој ден: 15:30, 21:15

Тоа 2Д (IT)
петок, сабота: 23:20
вторник: 19:30, 23:30

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ

Моето чудовишно семејство 3Д (Happy Family)
работни денови: 15:15, 16:20, 17:15, 18:30, 19:15
викенд: 11:00, 13:00, 13:15, 15:15, 16:20, 17:15, 18:30, 19:15

Лего Нинџаго 3Д (Lego Ninjago Movie)
викенд: 12:00, 14:00

Лего Нинџаго 2Д (Lego Ninjago Movie)
викенд: 11:20, 13:30

Подлиот Јас 3 3Д (Despicable Me 3)
Викенд: 11:40, 12:45, 13:45

Малиот Бигфут 3Д (The Son of Bigfoot)
секој ден: 15:45, 16:40

викенд: 12:15, 14:20, 15:45, 16:40

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура