X
 25.10.2017 Живот

Совршениот совет на Стив Џобс кога станува збор за вработување луѓе

џобс

Џобс можеби имал големо его како директор на компанијата „Епл“, но го знаел своето место во ерата на информациите кога духовито рекол:

„Не постои смисла во вработување паметни луѓе, а потоа да им кажувате што да прават; ги вработуваме паметните луѓе за тие да ни кажат што да правиме“.

Најдобрите потези од шефовите се намерно да не бидат најпаметната личност на работа. Многу познати претприемачи би се согласиле. Како што познатиот бизнисмен Ли Јакока рекол:

„Ги вработувам луѓето што се помудри од мене и не им пречам на нивниот пат“.

Иако постојат многу паметни луѓе, овде се мисли на еден специфичен тип луѓе: работници од знаење. Овој термин бил создаден од експертот за менаџмент Питер Дакер уште во 1959 година. Овој поим се однесувал на луѓето чиј главен капитал бил да размислуваат за плата. Овие луѓе работат со главата, а не со рацете, планираат, анализираат, организираат, тестираат, дистрибуираат, истражуваат и генерално придонесуваат за трансформација на информациите во економијата на знаењето.

Дракер на некој начин ги предвидел работите бидејќи веднаш по неговата смрт во 2005 година, работниците од знаење станале менаџери и оние што управуваат со другите, и тоа го одбележа 21 век.

Тоа понатаму доведува до прашање од милион долари: Како да се управува со работници од знаење? Како да се управува со високо платени, независни мислители кои сами сакаат да ја контролираат својата работа и не сакаат со нив да се управува?

Одговорот е - како и со сите други. Не мора да бидете попаметни од вашите вработени. Треба да знаете како да ги насочувате. Еден од советите е - слушајте ги повеќе отколку што зборувате за да покажете дека ја цените нивната експертиза.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот