X
 27.10.2017 Култура

Изјава од Стив Џобс што совршено ја објаснува разликата помеѓу богатите и останатиот дел од светот

stiv
Фото: Wikipedia

Богатите луѓе размислуваат различно од „просечните“, а одличен пример за ова е коосновачот на „Епл“, Стив Џобс, кој пред неговата смрт располагал со 10,2 милијарди долари.

Сите се прашуваме дали знаат богаташите нешто што не го знаат обичните луѓе. На ова прашање се обиде да одговори инвеститорот Патрик Метиесон, нагласувајќи го цитатот на Стив Џобс со кој се објаснува таканаречениот „менталитет на милијардерите“.

„Сè околу вас што можете да го наречете живот е направено од луѓе кои не се ни малку попаметни од вас и овој свет можете да го промените, можете да влијаете врз него и можете да изградите работи кои можат да ги користат другите луѓе“.

Станува збор за нешто што сите богати луѓе го работат спонтано, тврди Метиесон, кој често соработувал со милијардерите: „Милијардерите сфаќаат дека светот е флексибилен. Ако доволно вршите притисок, луѓето што можат да се снајдат може навистина да го променат светот. Тоа всушност е главниот контраст во однос на останатите луѓе кои сметаат дека нивното место во светот е статично.

Милионерот Стив Сиболд, кој разговарал со над 1.200 богати луѓе пред да ја напише книгата „Како богатите луѓе размислуваат“, верува во оваа извјаа.

Богатите луѓе имаат активен менталитет и можат да ги решаваат проблемите. „Додека луѓето го чекаат вистинскиот момент, великаните ги решаваат проблемите“, вели Сиболд.

Ова не значи дека сте попаметни од просечната личност, како што рекол и самиот Џобс. „Тие имаат стратегија. Кога на богатите им требаат пари, тие не се прашуваат дали е возможно, туку едноставно почнуваат да смислуваат нови идеи кои би го решиле нивниот проблем. Колку поголеми проблеми решавате, толку повеќе располагате со пари“, вели Сиболд.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура