X
 27.10.2017 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на месецот

Денес е петок, 27 октомври 2017 година, 300-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:54, а ќе зајде во 17:39 часот. Денот ќе трае 10 часа и 45 минути.

Ова утро во Македонија имаме ведро и студено утро со утрински температури кои што се за некој степен под повеќегодишниот просек за овој период од годината, но малку повисоки во однос на вчерашните кои што ги имавме.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното утро со утрински температури кои што ќе бидат за некој степен повисоки во однос на вчерашните и ќе се движат во интервал од -1 до 8 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со дополнителен пораст на максималните температури кои што ќе достигнат до 14 односно до 25 степени. Ќе дува доумерен слаб западен и северозападен ветер.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 5 степени, додека пак максималната дневна температура до 22 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота во Македонија ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди ветровито и свежо време, во крајните северозападни, западни и југозападни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд и ветровито време. Утринските температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни ке бидат во опаѓање и ќе се движат од 5 до 16 степени. Во недела студено утро со утринска температура од -3 до 6 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и дневни температури од 9 до 20 степени. Во понеделник и вторник студено утро со утрински температури од -1 до 8 односно од -5 до 4 степени, во текот на денот ќе биде сончево и свежо време со температури кои што ќе бидат под повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе достигнат од 6 до 17 степени во понеделник, односно од 3 до 13 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време со максимални 13 степени. Во недела студено утро со утрински 3 степени а во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и максимални 17 степени. Во понеделник и вторник уште постудено утро со дополнителен пад на температурата на 5 односно 1 степен, а во текот на денот претежно сончево и потопло време со максимални 14 односно 10 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот