X
 27.10.2017 Култура

Од каде потекнува англискиот јазик?

Ако студирате англиски јазик или го предавате, сигурно знаете колку е тешко да се објаснат правилата. Што е она што го двои англискиот јазик од другите и како е можно јазикот толку да се прошири и да се зборува речиси насекаде во светот?


Без разлика дали англискиот ви е мајчин јазик или сте го научиле како втор јазик, видеото што ќе го видите во продолжение ќе ви даде солиден почеток за разбирање на некои од прашањата поврзани со јазикот. Што имаат заедничко дијалектите кои се зборуваат во светот и како се поврзани меѓу себе, е само една од компонентите што се објаснуваат. Еволуцискиот пат низ генерациите се менувал и се ширел со текот на времето, па дошло и до модифицирање преку земање зборови од други јазици, а сето тоа е процес кој траел долги години.

Секако, може да се заклучи дека англискиот е карактеристично богат јазик и претставува комбинација од зборови кои се нижеле со текот на годините. Сега често се смета за глобален јазик, а тоа е така бидејќи приближно 3 милијарди луѓе во светот, од кои многумина не се разбираат меѓусебно, ги зборуваат истите зборови, обликувани од 6.000 години историја.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура