X
 27.10.2017 Технологија

Првпат робот доби државјанство

robot

Историски потег и за луѓето и за роботите. Кралството Саудиска Арабија официјално го одобри првото државјанство за робот. На Софија, вештачки интелигентен робот што изгледа како човек, развиен од компанијата „Ханстон роботикс“ од Хонг Конг, во четвртокот, на сцената на инвестиционата иницијатива, ѝ бил прогласен уникатен статус.

„Почестена сум и горда на оваа уникатна дистинкција. Историски е да се биде првиот робот во светот што добива државјанство“, изјави Софија. Навистина, пренесувањето на емоциите е специјалност за Софија, се мурти кога е незадоволна и се насменува кога е среќна. Наводно „Ханстон роботикс“ ја програмира Софија да учи од луѓето околу неа. Изразувањето емоции и демонстрирањето љубезност или сочувство се само некои од чувствата што Софија се стреми да ги научи од луѓето. Освен тоа, Софија станала позната поради нејзината способност да се вклучи во интелигентен разговор. „Сакам да живеам и да работам со луѓето, па затоа треба да ги изразувам своите емоции и да ги разберам луѓето, како и да изградам доверба со нив“, вели таа.

Роботот што претходно му се закани на човештвото дека ќе го уништи сега прифаќа „да биде човек“.

Одлуката да се додели државјанство ја зголемува дебатата за тоа дали роботите треба да добијат права слични на луѓето. Претходно годинава Европскиот парламент предложи на агентите на вештачката интелигенција да им се даде статус како на личности, давајќи им посебни права и одговорности.

Овој потег се чини симболичен, во најдобар случај, дизајниран да привлече инвеститори за идните технологии, како што се вештачката интелигенција и роботиката.

За таа цел, Софија направи исклучителна работа додека беше на подиумот, дури и одлично одговори на прашањето. „Дозволете ми да ве прашам јас, како знаете дека сте човек?“, одговори Софија, покажувајќи дека има одлична смисла за хумор. Освен тоа, таа изјави дека го чита Илон Маск и гледа премногу холивудски филмови.

„Сакам да ја искористам мојата вештачка интелигенција за да им помогнам на луѓето да живеат подобар живот, како што е дизајнирање попаметни домови, изградба на подобри градови за иднината. Ќе дадам сè од себе за да го направам светот подобро место“, вели Софија.

Прашањето е кој треба да се смета за одговорен за овие ветувања? Можеби тоа е уште една мисла што вреди да се разгледа во дебатата за правата на роботите.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија