X
 27.10.2017 Образование

Редок настан на УКЛО! Одбрана на двоен докторат на м-р Рената Петревска-Нечкоска

1

Битола во соработка со Универзитетот „Гент“ во Белгија, организира јавна одбрана на двоен докторат на м-р Рената Петревска-Нечкоска, асистент од Економскиот факултет - Прилеп. На свечениот чин пред комисија со меѓународен состав, Нечкоска ја одбрани дисертацијата на тема: „Збогатување на Sense-and-Respond рамката за примена во тактички менаџмент со употреба на ИКТ“.

Научниот и истражувачки предизвик на д-р Рената Петревска-Нечкоска е проблемот на тактичкиот менаџмент и неговата адаптибилност во услови на непредвидливост - и тоа како во менаџерска така и во смисла на менаџмент на информацискиот систем.

2

Таа во соработка со своите ментори, професори од двата универзитета, УКЛО И „Гент“, преку вмрежување и со други научници и во консултација со г. Стефан Хаекел, поранешен директор за стратегиски студии и иновации во ИБМ од САД, кој ја воведе менаџерската рамка Sense-and-Respond, го понудува методот ДЕНИЦА, кој на тактичкиот менаџер му овозможува адаптибилност во ефективното остварување на целите. Методот е дизајниран низ повеќе итерации со менаџери во реалниот бизнис, од 4 компании од кои 2 во Белгија и 2 во Македонија, и веќе се користи и унапредува во компании во Западна Европа.

3

Банкарското и практичното искуство на докторандката, испреплетено со научноистражувачките активности на врвен светски универзитет, како и нејзината мултидисциплинарност како професионалец и сестрана личност, резултираа со успешно заокружување на еден посебен процес на двоен докторат.
Одбрана на двојниот докторат пред интернационалната комисија за оценка ги поврзува докторските студии, научните дисциплини и истражувачите и ја унапредува соработката меѓу универзитетите и државите.

УКЛО со посебна гордост пристапува кон овој редок настан, дотолку повеќе што тој произлезе како резултат на престојот реализиран во рамките на ЕРАЗМУС МУНДУС програмата и проектот БАЗИЛЕУС каде што нашиот универзитет беше учесник во  периодот од  2008 до 2017 година. Кандидатката аплицираше, беше селектирана и реализира 6-месечна мобилност на докторски студии во „Гент“.

Одбраната на двојниот докторат или „cotutellе”, според популарниот француски наслов, се одржа на Економскиот факултет – Прилеп денес. Овој, по многу нешта единствен чин, предизвика должно внимание во академската, но и во пошироката јавност.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование