X
 27.10.2017 Живот

Земјите што ќе ги забранат автомобилите на бензин до 2040 година

САД заостануваат зад другите земји кога станува збор за воведување политики кои поттикнуваат користење електрични возила. Некои држави, како на пр. Калифорнија, работат на подобрување на инфраструктурата во тој поглед. Неколку земји во светот веќе повеле иницијатива за намалување на емисијата на штетни гасови преку воведување електрични автомобили.


1. Норвешка

Ова е најпрогресивната земја кога станува збор за електрификацијата. Електричните и хибридните возила се присутни со 28% во земјата.

2. Холандија

Се очекува Холандија да продава само електрични возила од 2025 година. Таму засега електричните возила се присутни со 6%.

3. Индија

Индија има амбициозни цели на ова поле, па се очекува да продава само електрични возила од 2030 година. Потребно е подобрување на инфраструктурата бидејќи сега само 1% од возилата се електрични.

4. Кина

И во оваа земја има ветувања дека ќе почне со продажба на електрични автомобили, но нема поставено распоред. Кина е најголемиот произведувач на електрични автомобили во светот, а 40% од електричните возила на светот се од Кина. Во земјата во моментов се возат 1,4% електрични и хибридни возила.

5. Велика Британија

Велика Британија ќе ја забрани продажбата на автомобили на бензин и на дизел од 2040 година. Оксфорд ќе биде првиот град што ќе почне да ги исфрла таквите возила од 2020 година. Шкотска, пак, ќе го направи тоа во 2032. И во Велика Британија електричните возила се присутни со 1,4%.

6. Франција

Франција ќе ги забрани автомобилите на бензин и на дизел до 2040 година, а целта е до 2050 земјата да биде неутрална во поглед на емисии на јаглероден диоксид. Париз ќе почне со исфрлање на автомобилите на бензин и на дизел во 2030 година. Во Франција електричните автомобили се присутни со 1,4%.

Барселона, Копенхаген и Ванкувер планираат да ги исфрлат автомобилите на бензин и на дизел до 2030 година. Копенхаген е град во кој најмногу се користи велосипедот како превозно средство, па тука автомобилите на дизел ќе бидат исфрлени во 2019 година. До 2030 година ова ќе го направат и Лос Анџелес, Мексико Сити, Сиетл, Барселона, Ванкувер, Милано, Куито, Кејп Таун и Оукленд.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот