X
 28.10.2017 Култура

Емир Кустурица за љубовта и заборавот: „Само заборавот, со текот на времето, ја намалува болката поради изгубената љубов“

емир

Покрај многубројни филмови, Емир Кустурица е автор и на две книги - „Смртта е непроверена гласина“ и „Сто јадови“. Првата е негова автобиографска книга, во која тој раскажува за неговиот развој.

Тој на интересен начин го претставува своето видување на два поими - љубовта и заборавот.

Поимот заборав

Оваа книга започнува со едноставно објаснување на заборавот. Колку заборавот може да влијае врз нашиот живот и зошто е добро да не помниме сè.

„Кога заборавот, тој цар, не би знаел да ги засени страсните мисли и да им ги предаде на паметот да ги распореди, мозокот би бил обичен контејнер. Што ќе се случи ако страдањето мораме да го следиме како непрекината емисија од срединат ана нашите души и ако заборавот не би ја засенил тешката историја на нашиот живот, како што тоа го прави облакот со Сонцето? Не би преживеале. Истото се случува и со работите што предизвикуваат голема радост. Ако не ги анестезираме со заборав, би полуделе од среќа. Само заборавот, со текот на времето, ја намалува болката поради изгубената љубов“.

„Заборавот е доза на помнење, нејзината клучна состојка што во историјата се смета и игра“.

„Сакам да напишам книга и уредно да ги поматам мозочните одаи од кои се движат спомени и, со помош на сите ангелски писатели, од кои сум научил да мислам и зборувам, да го издвојам она што инаку би било скриено, како сонце од облакот“.

За поимот љубов


Кустурица пишува за односот со неговата сегашна сопруга Маја. Таа е неговата стара љубов од младешките денови, а тој преку развојот на нивниот однос ја претставува својата перцепција за самиот поим за љубовта во сите нејзини форми.

„Љубовта веројатно се гради во мистичните паузи помеѓу говорот, соништата, љубовта расте од чувството што го следат активности што ги извршува човекот, никогаш не откривајќи ја конечната тајна и одговорот на прашањето која е најважната состојка во љубовната врска. Бидејќи, кога тајните исчезнуваат, кога љубовта исчезнува, тогаш луѓето се разминуваат и мислат само на очигледни и често лоши работи“.

„Кога ветрот ќе ти го донесе гласот што вели те сакам, точно е дека те сака, ако ти така слушаш, иако зборот не е изговорен. Бидејќи љубовта, тоа не е ништо реално. Таа е како некој број што во себе ги содржи сите други броеви. Бидејќи броевите во реалноста не постојат, не постои ни тој љубовен број. Но без оглед на сето ова, сепак, постои“.

„Не беше во состојба да изговори ниту една глупост што човекот ја изговара. Веројатно поради тоа што младиот човек, иако е глупав, чувствува како за љубовта се произведува хармонијата од тишината и зрачењето на партнерот“.

„Женската убавина е најблиска точка помеѓу човечкиот род и вечноста“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура