X
 29.10.2017 Наука

Гласот се менува кога зборуваме со некој кој ни е привлечен

Непријатни моменти се случуваат најчесто кога сте во близина на некој што ви се допаѓа. Сигурно сте имале такви искуства и сте го помислиле ова. Но, показател за тоа дали некој ви се допаѓа е и вашиот глас, кој се менува во моментот кога зборувате со вашата симпатија или личност која ве привлекува. Поточно, во тој момент зборувате со малку понизок звук, од вашето нормално говорење.


Според студија од 2010 година, луѓето потсвесно го менуваат и намалуваат гласот кога зборуваат со некој кој сметаат дека добро изгледа. И жените и жените хетеросексуалци го намалуваат звукот на гласот, ако сметаат дека соговорникот е привлечен. Постојат докази дека индивидуите манипулираат со своите гласови додека разговараат со различни луѓе, во различни ситуации, се вели во студијата. Истото се случува кога, на пример зборувате со вашиот шеф или пак, кажувате лага.

Во студија спроведена во 1979 година пак, од учесниците се барало да симулираат „секси глас“. За таа цел и мажите и жените во голема мера го намалиле звукот на својот глас, жените дури и повеќе од мажите. Според таа студија, тоа значи дека мотивацијата за да се прикаже заводлив глас кај жените, може да е во конфликт со мотивацијата да се звучи поженствено.

Покрај менувањето на гласот, присуството на некој кој ви се допаѓа може да ви влијае на многу начини. Но, како одлучуваме што е всушност привлечноста? Видеото кое ќе го видите во продолжение ја сумира убавината на начин кој не е секси, но дава научна перспектива за тоа зошто преферираме одредени привлечни карактеристики – убавината е јазик кој пренесува информации за здравјето и плодноста.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука