X
 29.10.2017 Технологија

Извршниот директор на „Софтбанк“ ветува супер вештачка интелигенција со 10.000 IQ

1
Фото: Getty Images

Постојат мал број на луѓе што се наклонети да донесат таканаречена технолошка сингуларност, односно моментот кога интелигентните машини ќе станат попаметни од човекот.

Врвниот инженер на „Гугл“, Реј Курцвеи, вели дека сингуларноста не е нешто од кое треба да се плашиме. Но никој не е толку посветен да реализира сингуларност како Масајоши Сон, извршен директор на јапонскиот телекомуникациски гигант „Софтбанк“.

Тој неодамна зборуваше на инвестициска иницијатива одржана во Ријад, Арабија, каде спомена дека сингуларноста може да се случи за 30 години, кога вештачката интелигенција ќе развие 10.000 IQ - а „Софтбанк“ инвестира 100 милијарди долари за да создаде чипови способни за вакви нивоа на интелигенција. Тоа е далеку повеќе од она што се смета за просечен според човечките стандарди, што е 100, и поголем од човечките генијалци кои имаат 200 интелигенција.

Крајниот рок што Сон го дава за сингуларноста е 2047 година и е во непосредна близина со оној на Курцвеил, кој претходно рекол дека тоа е 2045 година. Преку „Софтбанк“, целта на Сон е да ја реализира сингуларноста. Неодамнешните инвестиции на компанијата вклучуваа финансирања на некои АИ иницијативи и партнерство со „Ај-Би-Ем Ватсон“, „Феч Роботикс“ и „Хонда“.

Сон зборуваше на истиот настан на кој познатиот робот Софија доби саудиско државјанство. Роботот на „Софтбанк“, наречен Пепер прикажува слични способности. Пепер може да ги почувствува човечките емоции. И двата роботи претставуваат големо достигнување во денешните напредувања во роботиката, што значително се згоглемиле благодарение на подобрувањата на машините и длабокото учење.

„30 години од сега, тие ќе учат сами, и можеби ќе ни се смејат и нас и вас. Денес изгледаат симпатично, и ќе останат симпатични, но ќе бидат супер паметни“, вели Сон.

Не секој ја дели возбудата на Сон. Некои експерти, особено Илон Маск, популарниот физичар Стивен Хокинг и Бил Гејтс постојано предупредуваат за иднината на човештвото ако се случи сингуларноста. Сепак, за Сон и Курцеил ова е научна фантастика. Всушност, Курцвеи вели дека сингуларноста не може да се случи на начинот на кој повеќето луѓе мислат.

„Ако размислите, за 10 до 30 години, голем број на луѓе ќе имаат подобра фантазија од нив. Значи, не е крај. Моќта на мозокот нема ограничувања. Имагинацијата што можеме да ја имаме нема граници. И затоа, ќе ги подобриме нашите фантазии и нашите чувства“, завршува Сон.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија