X
 30.10.2017 Наука

Како вашето тело одржува чекор со времето?

1
Фото: Getty Images

Во секој човек постои внатрешен телесен часовник што го следи 24-часовниот циклус, познат како циркаден ритам. Овој наш телесен часовник е познат и како циркадиски часовник и тој првенствено реагира на еколошките знаци, како што се светлината и темнината, како и гените што влијаат врз тоа колку брзо и бавно тече нашиот телесен часовник и колку внимателно се усогласува со 24-часовниот ден.

Речиси секое ткиво и орган во телото се регулирани со сопствениот часовник, кој е одговорен не само за контролирање на нашите шеми за спиење туку и за синхронизацијата на секој биолошки процес - нашата температура, крвен притисок, хормоните... Часовник контролиран од мозокот, што ги одржува во синхронизација сите други часовници.

Кога сме здрави и редовно јадеме и спиеме, нашите тела се движат како часовници. Нашата телесна температура се зголемува пред зората, ни помага да се чувствуваме свесни кога се будиме, а потоа навечер, навестува спиење. Кога нашиот телесен часовник е нарушен, нашиот природен циркаден ритам е или забавен или забрзан.

Токму за оваа тема тројцата доктори - Џефри К.Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл В.Јанг - беа наградени со Нобеловата награда за медицина за нивните пионерски откритија поврзани со нашиот телесен часовник. Нивните придонеси поставија темели за науката посветена на проучувањето на нашите часовници. Еве што се знае досега.

Важен е делот од денот кога работите - неколку истражувања откриле дека кај работниците што работат ноќна смена е зголемен ризикот од рак. Истражувачите заклучиле дека зголемената изложеност на светлина во текот на ноќта резултирала со намалување на хормонот мелатонин, што може да доведе до растење на ракот.

Важен е делот од денот кога спортистите се натпреваруваат -
постои најдобар период од денот за освојување на златото - многу рекорди биле рушени во подоцнежните часови во текот на денот, кога температурата на телото е повисока и контракциите на мускулите и флексибилноста се на врвот.

„Ресетирањето“ на часовникот на телото може да им помогне на луѓето што страдаат од депресија -
неодамна објавена анализа со повеќе од 2.000 истражувања за спиењето покажа дека недостигот на сон може да помогне во депресијата. Иако авторите не се сигурни зошто, нивната теорија вели дека некои луѓе со нарушувања на расположението може да имаат дефектен телесен часовник, а недостигот на сон може да им помогне да го ресетираат.

Поголема е веројатноста инфарктот да се случи во утринските часови -
доказите покажуваат дека телесните часовници се тесно поврзани со здравјето на срцето. Дневните промени во крвниот притисок и срцевата фреквенција се добро познати циркадиски ритми. Истражувањата покажуваат и дека мозочниот удар, ненадејниот срцев удар и срцевите напади најчесто се појавуваат наутро.

Вистина е она што го велат за јадењето доцна во ноќта и за зголемувањето на телесната тежина -
истражувањата ги поврзуваат исхраната и дебелината со циркадниот часовник. Неодамнешно истражување открива дека промените или нарушувањата на циркадниот часовник не само што го менуваат времето на јадење туку и резултираат со зголемување на телесната тежина.

Грипот што сте го фатиле наутро може да резултира со полоша инфекција - повеќето од нас имаат периоди во годината кога повеќе се разболуваат. Истражувањата велат дека постои и дел од денот кога станува збор за разболување. Истражување објавено минатата година покажа дека вирусите се репродуцираат десет пати побрзо кај животните заразени за време на изгрејсонце отколку кај оние што биле заразени подоцна во текот на денот, што довело до полоша инфекција. Тоа е така затоа што телото е помалку подготвено да се брани од бактерии во одредени периоди од денот.

Постои причина зошто кожата ве чеша навечер - кожата, како и другите органи во телото, има сопствен внатрешен часовник. Температурата на кожата, pH-балансот и производството на масло варираат од час во час. Дури и појавата на брчки зависи од периодите во текот на денот. Навечер, нејзината заштитна бариера, која ја чува од бактерии, вируси и други надразнувачи, станува полесна за продирање, со што се објаснува зошто ве чеша.

Недостигот на сон може да влијае врз плодноста - истражувањата вели дека нарушувањата на телесниот часовник предизвикани од ноќните смени може да имаат негативен ефект врз плодноста на жената. Истражување објавено минатата година вели дека промените на шемите за спиење довеле до тешкотии во забременувањето и носењето на бременоста до терминот за пораѓање.

Чудните шеми за спиење доведуваат до мигрени - кое било нарушување на вообичаената рутина на спиење, без разлика дали е многу доцна или станување порано од обично, може да предизвика мигрена.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука