X
 30.10.2017 Култура

Ова е најважното откритие од пронаоѓањето на списите од Мртвото Mоре...


Древни списи
(Фото: AP/Seth Wenig)


Дејвид Фишмен, професор по еврејска историја, вели дека дошол до „најважното откритие“ уште од пронаоѓањето на списите од Мртвото Море.

Имено, тој тврди дека ги пронашол повеќето документи за кои се веруваше дека се уништени во текот на холокаустот во Литванија, но се установи дека сепак „преживеале“.

Њујоршкиот институт YIVO за еврејски студии, во соработка со литванската влада, архивирал 170.000 страници пронајдени во 2016 година.

Институтот за еврејски студии основан во Вилнус во 1925 година, тогаш бил најсеопфатната библиотека на еврејскиот живот на истокот од Европа. Нацистите имале намера целосно да го уништат и речиси успеале во тоа.

Од мноштвото документи сакале да задржат само мал дел за потребите за проучување во Германија, но група од 40 луѓе, кои го познавале хебрејскиот јазик и биле задолжени за овој проект, одлучиле да спасат што поголем број документи на шест локации во гетото.

Литванскиот библиотекар Антанас Улпис го ризикувал својот живот за да ги сокрие документите од Советите кои ги протерале Германците, чувајќи ги во подрумот на црквата „Свети Ѓорги“.

По распаѓањето на СССР, на виделина излегле околу 250.000 страници, но се установило дека постојат уште 170.000 страници скриени во мрачните агли во подрумот.

Новооткриените страници наводно се уште повредни и историски поважни, но Фишмен вели дека за нивна анализа ќе требаат децении.

Меѓу откритијата се и разгледница од Марк Шагал и две писма од Шолем Алехем, чии приказни послужиле како основа за делото „Виолинист на покривот“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура