Британската компанија за продажба на недвижности „Allsopp & Allsopp“ бара лице кое би прифатило да работи во Дубаи, со годишна плата од 225.000 евра.
За оваа работа не ви се потребни дополнителни квалификации, ако имате пријатна надворешност и способност да продавате, пишува „
Ковентри телеграф“.
Пожелно е да имате искуство во продажба, но тие нагласуваат дека сакаат лице кое ќе се појави и „ќе го освои просторот“.
Ако се препознавате во овие барања, пробајте си ја среќата, можеби токму ова е работата од вашите соништа!