X
 02.11.2017 Образование

Тевдовски најави: Ќе се зголемат платите на наставниците, воспитувачките во градинките ќе земаат 900 денари повеќе


Драган Тевдовски, министер за финансии

Наставниците во основните и во средните училишта и вработените во градинките ќе добијат за 5 отсто повисоки плати, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес-конференција. Исто толку ќе бидат зголемени и платите на лекарите и медицинските сестри. Ова е предвидено во буџетот за 2018 година, кој е проектиран на 3,44 милијарди евра. Така ако една воспитувачка во градинка сега зема 18.000 денари плата, таа ќе се зголеми за 900 денари.

- Многу се важни трансферите до единиците за локална самоуправа, кои се планирани на ниво од 17,9 милијарди денари. Се обезбедуваат дополнителни 893 милиони денари што е сериозно зголемување во однос на 2017 година. Овој буџет е предвиден за две големи работи: општините имаат долгови, потешкотии во нивните делегирани обврски. Овие пари се наменети пред сè во образованието, градинките и институциите од културата, да можат нормално да функционираат. Истовремено, покрај здравството, предвидени се средства за зголемување на платите во основните и средните училипшта и за вработените во јавните детски градинки. Здравството и образованието се темелите во општетството. Тие ќе добијат зголемување од 5 отсто – рече Тевдовски.
 
Според него, од вкупните расходи за предлог-буџетот за 2018 година, 32 отсто (најголем дел) се за социјална и детста заштита, а втората-најголема ставка е за економски развој и финансиски работи. Третиот и четвртиот се здравство и образование, во сoгласност со нашата опеделба да ги зајакнуваме јавното здравство и образованието. - Расходите на плати се проектирани на 27,1 милијарда денари, имаат раст од 460 милиони денари – објасни Тевдовски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование