X
 04.11.2017 Живот

„Дивородени“ - проект што открива како се пораѓаат жените низ светот

1
Фото: Alegra Ally

Ако некогаш сте помислиле дека раѓањето деца е тешко, замислете како е да се пораѓате на температура под нулата. Токму во такви услови на свет доаѓаат бебињата на народот Ненет од Сибир.

Токму за вакви необичности сакала да дознае младата Алгера Ели, па пред 20 години одлучила да започне да ги документира различните практики за пораѓање на традиционалните општества од целиот свет. Во 2011 година го претворила во проект наречен „Дивородени“.

Ели првпат се населила во Папуа Нова Гвинеја, каде што живеела четири месеци со четири племиња во длабочините на џунглата, за потоа да ја премине реката Сепик со кану, поминувајќи ја церемонијата на иницијација и станувајќи член на едно од племињата.

5
Фото: Alegra Ally

„Тоа што го доживеав засекогаш го промени мојот живот и ме насочи кон дводецениско патување што ме претвори во она што сум сега“, вели Ели.

Патувајќи и дознавајќи за тоа како е да се биде трудница и како се случуваат породувањата во племенските заедници, Ели заклучила дека приказните и митовите се главен столб околу кој заедницата го поставува својот идентитет и својата гордост, градејќи меѓусебни односи. „Многу племенски заедници живеат во тесна врска со природата, меѓусебно поврзани со приказни што се испреплетуваат едни со други, формирајќи ја својата култура и своите верувања. Овие приказни се важни, но полека исчезнуваат“, забележува таа.

Посебен впечаток на Ели ѝ оставиле жените и девојките што ги запознала, нивната издржливост и сила. Во последните пет години од нејзиното истражување, Ели била фокусирана на обредите со кои девојките се претвораат во жени, потоа подготовките за породување и постпородилните ритуали. Така открила дека некои култури ја слават и вреднуваат првата менструација на девојката, како што е народот Химба од Намибија, кој моментот на преминување од девојка во жена го прославува со еднонеделно танцување, песни и дарување, за обредот да кулминира со крунисување на девојките како кралици.

4
Фото: Alegra Ally

Досега Ели работела со повеќе од 10 племиња низ светот, вклучувајќи ги и племето Химба од Намибија, племето Микамбут и Косуа од Нова Гвинеја, Таут Бату заедницата од Филипините, номадската заедница Чангпа од Индија и Ненет од Сибир.

Своето патување низ Арктикот со мала група номадски овчари од заедницата Ненет, Ели го смета за нејзина најамбициозна авантура.

3
Фото: Alegra Ally

На температури под -60 Целзиусови степени, Ели го документирала целиот процес на бременост, раѓање и постпородилна нега во една од најнепријатните клими во светот. Заклучила дека овие жени неверојатно издржуваат во борбата за преживување и подигнување на новата генерација, грижливо планирајќи го моментот на зачнување.

Така, на пример, и мажите и жените водат грижа за времето на зачнување за детето да се роди во најповолни временски услови во годината, во есен или зима, кога нема ноќни миграции на стада. Породувањето во време на сеидба значи полесен пристап до болниците ако жените сакаат да се породат таму или ако дојде до компликација.

Сите податоци што Ели ги собрала во текот на нејзиниот престој меѓу Ненет, вклучувајќи и усни преданија, митови, табуа, ритуали, изреки, песни и магии ќе им бидат предадени на локалните ненетски организации за зачувување на културното наследство и ќе бидат објавени како книга со наслов „Жената од крајот на земјата“ што Ели ја подготвува со писателот Ким Френк.

2
Фото: Alegra Ally

Она што Ели го видела во текот на нејзиното патување, колкава е разликата помеѓу традиционалните култури и ние, што бременоста и породувањето ги сметаме за здравствена состојба. А бидејќи и самата треба да се породи, од прва рака ќе има можност да научи нешто за тајните на доаѓањето на бебето во светот.

Откако ќе станат родители, Ели заедно и нејзиниот сопруг, водач на експедицијата „Ерез Битус“, планираат со бебето да патуваат шест месеци низ Африка, работејќи на следната книга и понатаму развивајќи го проектот „Дивородени“. Нивната желба е да станат организација што ќе собира бабици, студенти и заинтересирани жени, за сите да земат учество во одбележувањето и оживувањето на традиционалните знаења на бремените жени.

деца
Фото: Alegra Ally

Ели вели дека нејзиниот проект се разликува од останатите истражувања за племенските заедници бидејќи е фокусиран на мудроста на племенските жени и запознавање со нивните знаења, обичаи и верувања, што се драгоцен дел од човечкото наследство.

„Важно е да се зачува оваа мудрост, особено денес“, заклучува таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот