X
 06.11.2017 Технологија

Најпопуларните програмски јазици што можете да ги научите денес со помош на овие онлајн курсеви

кодирање
Фото: Pixabay

Ако сте заинтересирани за започнување на кариера во развивање на апликации, компјутерско програмирање или било кое друго поле во технологијата, треба да знаете многу повеќе од „Јavа“. Конкуренцијата за овие позиции се неверојатно жестоки - што значи дека треба да имате познавање на некои од најпопуларните програмски јазици.

Во продолжение ви нудиме пет онлајн курсеви што ќе ви помогнат во тоа.

1. „The Python Power Coder BONUS Bundle“

1

Постои причина зошто „Python“ е еден од најпопуларните и најбараните програмски јазици во светот. Јазикот е неверојатно популарен и динамичен и може да постигне многу, и е доста лесен за учење и употреба. Со повеќе од 70 часови содржина, овој масивен курс ќе ве научи сето она што треба да го знаете за методите на овој јазик и за неговите техники. Курсот е достапен за 2.300 денари.

2. „Complete Java Programming Bootcamp“

2

Слично како „Python“, и „Јava“ е една од незаменливите алатки на било кој девелопер. Овој програмски јазик се наоѓа позади секоја веб страница, структура на податоци. Овој курс ќе ви помогне да го забрзате процесот на учење, а содржи 10 курсеви и над 80 часа содржина. Курсот е достапен за 2.000 денари.

3. „Essential JavaScript Coding Bundle“

3

Иако звучи слично како „Java“, сепак „JavaScript“ е приказна за себе. Станува збор за јазикот позади секој веб пребарувач на планетата, а доколку сакате да работите како „front-end“ девелопер, тогаш овој јазик треба да биде ваш приоритет над сè останато. Станува збор за 15 курсеви кои започнуваат од основата користејќи го „JavaScript“ за создавање на апликации. Курсот е достапен за 1.300 денари.

4. „Ruby on Rails Coding Bootcamp“

4

„Ruby on Rails“ стана еден од најпопуларните јазици во светот на девелоперите, најмногу поради фактот што е разновиден и интуитивен. Јазикот овозможува структури за база на податоци, веб сервиси и веб страници. Курсот нуди повеќе од 57 часа содржина и инструкции. Курсот е достапен за 1.500 денари.

5. „Complete C# Coding Bootcamp“

5

Понекогаш класиката никогаш не исчезнува. Тоа е случајот и со „С#“, кој останува еден од најмоќните јазици во бизнисот. Понудата се однесува на 11 курсеви кои ќе ве научат како да кодирате „Виндоус“ апликации, како да користите веб формати и многу повеќе. Курсот е достапен за 2.100 денари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија