X
 06.11.2017 Технологија

Во Јапонија вашиот комшија може да е виртуелен лик

Виртуелниот робот кој изгледа како седумгодишно момче официјално добил статус на жител на една од централните општини во Токио.


Момчето наречено Мираи, што значи иднина, не постои во реалноста, но вештачката интелигенција му дозволува преку текст да разговара со луѓето преку апликацијата „Лајн“.

Модерната населба во Шибуја одлучила на роботот со име Шибуја Мираи да му додели вистински идентитет, првпат во Јапонија, а веројатно и во светот. Покрај допишување, Мираи сака и да слика и на интересен начин да ги менува селфи-фотографиите што му ги испраќаат соговорниците. Еден од надлежните од општината истакнал дека Мираи може да помогне општината да стане попозната и смета дека преку него граѓаните може да комуницираат со локалните власти.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија