X
 10.11.2017 Живот

Во Штип ќе се одржи четвртото издание на Струмина Трејл

Четвртото издание на штипската ридска трка „Струмина Трејл“ годинава ќе се одржи на 19-ти ноември, најавуваат организаторите.

Патеката и годинава е со должина од 18 километри со 750 метри висинска варијација. На патеката ќе има еден окрепен пункт во селото Липов Дол на 8,9 километри од стартот на патеката, а попатно ќе се минува покрај неколку изворски чешми, мешу кои Струмина на 2,8 километри од стартот, Љупчова на 7,1 и Куртбунар на 17,5 метри од стартот.



Пријавувањето ќе започне на 1 ноември и ќе трае до 18 ноември.

Секоја година за првите тројца следуваат медали, а за првите тројца по возрасни категории дипломи.

Трката е во организација на Спортската Асоцијација Трекс и штипскиот триатлонец Жикица Ивановски.

Патеката годинава е иста како и лани, а различна беше само во првата година, кога трката минуваше низ патека долга 16 километри и позитивно висинско качување од 700+ метри.

На неа секоја година учествуваат над 100 тркачи од Македонија и земјите од регионот.

Пријавувањето е на www.trex.mk а информации и детали може да најдете и на ФБ настанот Струмина трејл 2017.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот