X
 13.11.2017 Препорачани огласи

Mozzart објавува оглас за вработување!



Компанија Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 800 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, има околу 340 вработени и има 84 подружници.


За работа на територијата на Град Скопје, потребен е 

ЈУНИОР СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР 

Основни должности:
• Независно обезбедување help-desk и техничка поддршка,
• Aнализа и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или директно на оддалечените локации,
• Управување и поддршка на компаниската инфраструктура
• Инсталација и конфигурација на мрежна, десктоп инфраструктура
• Работа на проекти и имплементација на разни системи
• Подесување backup
• Креирање и ажурирање на налозите на корисниците

Услови:
• Минимум IV степен средно техничко образование
• Високо техничко образование или образование од други сродни ИТ области ќе се смета за преднсост
• Поседување на ИТ сертификати (Cisco, Microsoft, Juniper) ќе се смета за предност
• 1-2 години работно искуство на позиција, Техничка поддршка или друга ИТ позиција
• Искуставо во структурно каблирање на LAN мрежи
• Познавање и искуство во работа со одржување и сервис на компјутерски хардвер (cpu, hdd, motherboard и слично.)
• Одлично познавање на Windows оперативен систем (Windows 7-8, 10)
• Искуство во обезбедување техничка поддршка, сервис на ИТ опрема од далечина или директно на самата локација
• Познавање на TCP/IP Протоколи ќе се смета за предност
• Познавање на мрежна технологија и мрежни уреди- router, switch, firewall (Cisco, Juniper, Mikrotik) ќе се смета за предност
• Познавања на Linux и Windows сервер околина ќе се смета за предност
• Искуство во работење со бренд-сервери (HP, IBM, DELL) ќе се смета за предност
• Само мотивираност, посветеност, одговорност и независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок, способност за брзо прилагодување во брзо растечка околина
• Возачка дозвола Б категорија, активен возач

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил job@mozzartbet.mk. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 26.11.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
Активен до:    26.11.2017

Издвојуваме

Препорачани огласи