X
 13.11.2017 Образование

Секое трето дете во земјава е со прекумерна тежина, Дескоска најави поголеми контроли на храната во училиштата



Фото: МИА

Секое трето дете во Македонија е со зголемена телесна тежина, според податоци на УНИЦЕФ. Дури 14 отсто од момчињата на 11-годишна возраст се соочуваат со тој проблем, а во Европа тој процент изнесува само 4 отсто.
Нутриционисти денеска на децата во ООУ „ Аврам Писевски“ во населбата Бардовци им препорачаа да внесуваат повеќе свежо овошје и зелечук во секојдневната исхрана како свежа ужина и салати. Според нив, здравите шеќери и здравите масти кои ги има во овошјето и јаткастите плодови се преферирани прехранбени продукти, за разлика од производите во кои има рафинирани шеќери и масти.


Едукативниот час по здрава исхрана се одржа во присуство на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, министерката за образование и наука, Рената Треневска- Дескоска, претставници на УНИЦЕФ, во рамки на глобалниот проект „ Секој оброк раскажува приказна“.
Министерката Дескоска истакна дека потребата од здрава исхрана кај децата во основните училишта налага нова законска регулатива со која ќе се контролира квалитетот на исхраната.
- Во собраниска процедура ќе предложиме законско решение со кое ќе се утврди точниот нутритивен квалитет на исхраната. Ќе се предложат поригорозни казнени мерки за оние училишта кои не го почитуваат правилникот со кој е утврдено точно какви хранливи состојки треба да консумираат основците – изјави Дескоска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование