X
 13.11.2017 Технологија

Во иднина, со чипови во мозокот ќе се зголемува интелигенцијата на човекот

старт ап
Фото: Shutterstock

Ако можевте, дали би избришале некои спомени што не ви се допаѓаат и дали би ги замениле со многу подобри? Колку сте спремни да го промените вашиот мозок за да ви овозможи супер способности?

Ова не се само хипотетички прашања за Брајан Џонсон, основачот на стартап-компанијата „Кернел“. Тој верува дека во наредните 15 години луѓето ќе можат да ги прошират природните способности на нивниот мозок, така што тој вложил 100 милиони долари за да помогне да се реализира тоа.

Зборувајќи неодамна на веб-самитот во Лисабон, Џонсон изјави дека во наредните две децении истражувачите треба да развијат алатки за мозокот што ќе ни помогнат да одговориме на кое било прашање.

„На пример, дали можам да имам совршена меморија? Дали можам да ги избришам моите спомени? Дали можам да ја зголемам мојата стапка на учење, дали можам да имам мозок-комуникација? Замислете сценарио во кое велам: 'Сакам да знам како е да се биде каубој во американскиот запад во 1800?' И некој ментално да го создаде ова искуство“, вели Брајан Џонсон.



Моменталниот фокус на компанијата „Кернел“, која Џонсон ја нарекува „компанија за човечка интелигенција“, е развивање нови техники за третирање невролошки болести. Тие сакаат да изградат мал имплантибилен чип, наречен „невропростетик“, што ќе им помогне на луѓето кои страдаат од оштетувања предизвикани од удари, потреси или Алцхајмерова болест. Но крајната цел на „Кернел“ е поглед кон иднината и продолжување на развојот на чипот за когнитивно подобрување на мозокот.

„За понатамошно истражување на сопствените човечки граници, треба да се појави бран нови технологии кои ќе можат да пристапуваат, читаат и пишуваат од најмоќната алатка што ја имаме - човечкиот мозок“.

Џонсон не е единствениот човек што замислува иднина во која нашиот мозок ќе биде на повисоко ниво. И Илон Маск развива мозочно-компјутерски интерфејс, а основа и компанија за создавање на она што тој го нарекува „нервна мрежа“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија