X
 16.11.2017 Живот

Тестирање за МЕНСА во сабота во Прилеп



„Менса Македонија“, Oрганизацијата на луѓе со натпросечна интелигенција викендов организира тестирање за прием на нови членови. Тестирањето ќе с еодржи во сабота (18 ноември) во 12 часот во хоелот „Кристал палас“ во Прилеп. За да учествувате на тестирањето треба да имате наполнето 16 години, документ за лична идентификација, и уплатница од 300 денари на жиро сметка на „Менса Македонија“.

- Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и во Mensa International® - велат од Менса Македонија. За повеќе информации можете да се обратите на mensamacedonia@gmail.com.

Издвојуваме

Живот