X
 17.11.2017 Препорачани огласи

Оглас за вработување на осигурителни брокери во СН Осигурителен Брокер АД Битола

ОГЛАС за вработување на осигурителни брокери

 

Осигурителното брокерско друштво СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола, како компанија со докажани резултати во областа на посредувањето во договарањето на осигурително и реосигурително покритие и реализирањето на отштетни побарувања по остварен осигуран штетен настан, има потреба од вработување на осигурителни брокери на определено и на неопределено време заради вршење на осигурително брокерски работи на целата територија на Република Македонија.

 

Опис на работните задачи:

 

-изготвување на анализа на ризик и предлагање на соодветно осигурително покритие.
-запознавање на осигуреникот со условите на договорот за осигурување и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премијата.
-информирање на друштвото за осигурување за намерите на осигуреникот за склучување на договор за осигурување.
-посредување во име на осигуреникот со цел склучување на договор за осигурување.
-проверување на содржината на договорот за осигурување.
-укажување на помош на осигуреникот во текот на важењето на договорот за осигурување, како пред, така и по настанувањето на осигуран штетен настан.
-посредување во реализација на отштетно побарување.
-вршење на канцелариски и административни работи.

 

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

 

-поседување на лиценца за осигурителен брокер, издадена од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
-пожелно е работно искуство, но не и задолжително.
-комуникативност, доверливост, посветеност, одговорност, способност за работа во кратки рокови и под притисок.

 

Работно време: 40 часа неделно.
Основната месечна нето плата: по договор.

 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот можат својата апликација со кратка биографија и доказ за поседување на лиценца за осигурителен брокер во прилог да ја дстават на:

 

Осигурително брокерско друштво СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола ул.Димитар Илиевски Мурато бр.5 во Битола

 

или

 

во скенирана форма на e-mail: kariera@snbroker.mk
Активен до:    02.12.2017

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани огласи