X
 17.11.2017 Живот

Во оваа држава и невработените ќе добијат божиќен бонус од 530 евра

island

Министерството за труд и социјала во Исланд соопшти дека невработените лица што се регистрирани во агенциите за вработување ќе добијат божиќен бонус во декември во износ од 530 евра.

Лицата со повеќе деца ќе добијат за 4 отсто повисок бонус во споредба со другите вработени. Од министерството наведуваат дека помеѓу 3.900 и 4.200 лица имаат право на божиќен бонус.

Право на бонус имаат луѓето што се водат како невработени десет или повеќе месеци во текот на 2017 година и кои активно барале работа во ноември и во декември. Бонусот на невработените ќе им биде исплатен до 18 декември.

Според официјалните податоци, стапката на невработеност во Исланд во септември изнесувала 1,8 отсто, што е една од најниските стапки на невработеност во историјата на земјата.

Стапката на невработеност во Исланд од 2010 година, кога изнесувала рекордни 9 отсто, бележи постојан пад.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот