X
 20.11.2017 Наука

Пристигнува генетички модифицирано јаболко што не потемнува

jabolko

Овој месец јаболкото на „Оканаган Спешалти фрут“ ќе биде достапно низ одреден дел од Америка. Плодот е генетички модифициран, така што неговото тело нема да потемни и да стане кафеаво кога е изложено на воздух.

Овошјето ќе се продава сечено бидејќи неговата внатрешност не потемнува кога е изложено на воздух.

Генетички модифицираното јаболко било создадено преку истражување спроведено во Комонвелтската научна и индустриска истражувачка организација во Австралија. Научниците сфатиле дека начинот на кој се спречува процесот на потемнување е кога ќе се избрише ген што го кодира ензимот одговорен за потемнување. „Оканаган“ го потиснува овој ензим за да ја зачува внатрешноста на овошјето.

Компанијата го произведува своето арктичко јаболко во три различни сорти; грени смит, златен делишец и фуџи. „Оканаган“ ќе почне да снабдува 400 продавници во Америка во текот на наредните недели.

Многу примери на генетички модифицирана храна имаат корист за производителот наместо за клиентот, но арктичкото јаболко се спротивставува на овој тренд. Постојат надежи дека ако е успешно, може да го отвори патот за други производи.

Генетичката модификација може да понуди низа начини за зголемување на храната, подобрување на хранливата вредност на пченката, намалување на количината на маснотии во свинското месо. Сепак, може да биде тешко овие производи да бидат одобрени од страна на властите, како Управата за храна и лекови, а уште потешко да бидат прифатени од потрошувачите.

Арктичкото јаболко доби критики поради фактот што неговото пакување експлицитно не наведува дека плодот е генетички модифициран. Наместо тоа, постои QR-код што е поврзан со подетални информации.

Дури и покрај придобивките од генетички модифицираната храна, многу потрошувачи сè уште се недоверливи за да ги внесат овие намирници во нивната исхрана.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука