X
 20.11.2017 Живот

Што би мислел за ова 80-годишниот јас? - советот на Џеф Безос

Нема сомневање дека основачот на „Амазон“, Џеф Безос, е успешен. Тој неодамна му ја презеде позицијата на Бил Гејтс на најбогат човек во светот и донел безброј одлуки во неговата кариера што имале огромно влијание врз многу работи, меѓу кои и начинот на кој купуваме.


Во интервју направено претходно месецов Безос изјавил дека кога се работи за носење животни одлуки, тој смислил начин со кој се проектира себеси на 80-годишна возраст. Тој вели дека така го одбира патот преку кој го минимизира своето каење, што често доведува до тоа правилниот избор да е очигледен, па така и самите одлуки.

Овој совет кај него се исплатил во текот на животот, а може да го примени секој лично. Ако го избегнувате каењето во вашите одлуки, тогаш сигурно дека ќе бидете посреќни со одлуките што ги носите.

Само запрашајте се себеси: „Што би мислел за ова стариот јас?“ И изберете согласно од одговорот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот