X
 21.11.2017 Наука

Влијанието на пушењето врз физичкиот изглед

Ако сте се обиделе на многу начини да ги оставите цигарите и не сте успеале, тогаш можеби фотографските серии на близнаци ќе ви помогнат да се откажете од пушењето.


Студија од 2013 година открила дека покажувањето на естетските ефекти од пушењето преку фотографии на близнаци, од кои едниот е пушач, може да помогне да се исфрли лошата навика. Фотографиите се направени во периодот од 2007 до 2010 година, на идентични близнаци. Учествувале 79 близнаци. Освен пушењето, биле земени предвид и консумацијата на алкохол, стресот од работа и користењето крем за сончање. Фотографиите им биле прикажани на тројца судии.

Близнаците што се пушачи имале полоши резултати од непушачите, односно брчки на горниот и на долниот дел од устата, вишок кожа на горниот дел од очите, подочници, остарена кожа. Исто така, пушачите биле послаби од непушачите.

фото извор: Wolters Kluwer Health

Авторот на студијата го споредил и изгледот на близнаци од кои и двајцата се пушачи, но еден од нив бил пушач значително подолго време од другиот. Естетските ефекти и во овој случај биле забележливи.

Во студијата се заклучува дека дури и пет години се доволни за да се создаде значителна разлика во физичкиот изглед кај пушачот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука