X
 22.11.2017 Култура

„Тато се врати 2“ од четврток во Cineplexx

Во 2015 година, во филмот „Тато се врати“ публиката ги запозна сензитивниот очув Бред (Вил Фарел) како започнува војна со ултра кул биолошкиот татко Дасти (Марк Волберг) се со цел да ја придобијат љубовта на Дилан, Меган и нивната мајка Сара. Оттогаш, и двајцата ги андминаа разликите и изгредија фунционална ко-татковска врска, но во нивниот живот повторно се случува хаос кога за време на празниците ќе се појават нивните татковци: грижливиот Дон (Џон Литгоу) и алфа-мажјакот Курт (Мел Гибсон).



За креаторите продолжението „Тато се врати 2“ е шанса да извадат уште покомични моменти од нормалните семејни случувања. „Првиот филм беше некаква броманса, гледајќи ги овие два многу различни карактери како наоѓаат заеднички јазик се само за да му удоволат на семејството“, објаснува режисерот и сценарист Шон Андерс. „Не размислувавме за продолжение кога го снимивме првиот филм, но многу ни се допадна идејата нивните татковци да се појават за Божиќ и да додадат уште покомплициран слој на конфликтот меѓу двајцата. Идејата беше предобра за да ја оставиме нереализирана“. Тој додава „Приказната е сместена за време на Божиќ, многу тежок период за измешани семејства, особено кога треба да сфатиш кој што прави тој ден, што реално создава многу недоразбирања и повредени чувства“.



Нов психолошки трилер од режисерот Јоргос Лантимос, мајсторот на црната комедија, со наслов „Убиство на Светиот Елен“, ни ја носи приказната за еден тинејџер кој се обидува да воведе еден брилијантен хирург во своето дисфункционално семејство. Во главната улога се појавува Колин Фарел, додека неговата сопруга ја глуми оскаровката Никол Кидман. Фарел глуми ценет кардио хирург кој наизглед има совршени сопруга, семејство и живот. Меѓутоа нешто е чудно кај него: најдобар пријател му е тинејџер на кој му купува необично скапи подароци, а помеѓу него и сопругата се чувствува суптилна тензија.



Од студиото на Дизни ни пристигнува авантурата „Коко и големата тајна“. Филмот го следи 12 годишниот Мигуел кој открива серија настани кои се однесуваат на стогодишна стара мистерија, настани кои водат кон невообичаен семеен собир.



И покрај постојаната семејна забрана за музика, која веќе трае со генерации, Мигуел сонува за тоа како да постане извонреден музичар како неговиот идол Ернесто Де Ла Круз. Во очајнички обид да го докаже својот талент, Мигуел ќе се најде во фантастичната, шарена Земја на мртвите следејќи го таинствениот ланец на случувања. Попатно се запознава со шармантниот измамник Хектор и тие заедно заминуваат на величенствено патување да ја откријат вистинската приказна за историјата на Мигуеловото семејство.

Пред почетокот на филмот ќе биде прикажан и краткиот филм на снешкото Олаф „Авантурите на Олаф“, дел од приказната за „Снежно кралство“ – Frozen.




КИНО ПРОГРАМА (23.11.2017-29.11.2017)

Лига нa правдата 3Д
Секој ден: 15:15, 17:30, 19:50, 22:20
Викенд: 13:00, 15:15, 17:30, 19:50, 22:20

Лига нa правдата 2Д
Секој ден: 18:30, 20:45

Тато се врати 2
Секој ден: 16:00, 18:00, 20:00, 20:30, 21:00, 22:30

Убиство во Ориент Експрес
Секој ден: 17:10, 19:20, 21:30
Викенд: 17:10, 19:20, 20:30, 21:30

Тор - Рагнарок 3D
Секој ден: 20:15, 22:50
Викенд: 17:10, 19:20, 20:30, 21:30

Тор - Рагнарок 2D
Секој ден: 17:45

Предградие
Секој ден: 16:30, 23:15

Убиство на светиот Елен
Секој ден: 18:45, 22:40

Исцелител
Секој ден: 16:40, 21:15
Викенд: 14:40, 16:40, 21:15

Божиќ кај лошите мајки
Секој ден: 19:00, 21:45

Сложувалка на стравот 8
Секој ден: 23:00

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ

Коко и големата тајна 3Д
Секој ден: 15:00, 16:50, 19:10
Викенд: 12:00, 13:50, 14:30, 16:10, 16:50, 19:10

Коко и големата тајна 2Д
Секој ден: 15:50, 18:10
Викенд: 11:30, 12:40, 15:30, 18:10

Моето чудовишно семејство 3Д
Секој ден: 15:45
Викенд: 11:20, 13:20, 15:45

Малиот Бигфут 3Д
Викенд: 12:20, 14:20

БАЛЕТ

Скротување на фуријата, Бољшој, 2017
Недела: 16:00

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоа

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура