X
 23.11.2017 Наука

20 силни земјотреси во наредните години

Земјата не се врти со константна брзина. Многу работи можат да влијаат врз ротацијата. Влијаат активностите во јадрото и во кората на Земјата, како и атмосферските промени и океаните. Од 2011 година Земјата се движи малку побавно од вообичаено. Со тоа екваторот е малку помал. За жал, тектонските плочи не забележуваат еднакво намалување во големината, а тоа значи дека почнуваат да го чувствуваат стеснувањето. Од тоа произлегуваат повеќе сеизмички настани на површината.


Геолозите анализирале историски записи за други забавувања во изминатите 117 години и откриле алармантна врска помеѓу забавувањата и зголемувањето на бројот на поголемите земјотреси. Заклучиле дека забавувањето на ротацијата на Земјата има тенденција да претходи на зголемена сеизмичка активност од 5-6 години, па моменталното намалување може да сигнализира на зголемен број силни земјотреси за 2018, 2019, 2020 и 2021 година. На силни земјотреси се мисли со јачина од 7 степени и повисоко.

Ниеден од овие земјотреси што се предвидува дека ќе се случат не е креиран од намалувањето на екваторот, но нивниот развој ќе биде забрзан од таа причина. Истражувачите веруваат дека тропските места ќе бидат најпогодените региони бидејќи токму тие се најблиску до намалениот екватор.

Добрите вести, сепак, се дека ваквите откритија се ретка можност за локалните власти да преземат мерки за превенција, односно да ја подобрат и приспособат инфраструктурата најдобро и најбрзо што можат за да обезбедат заштита.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука