X
 23.11.2017 Култура

Како се создаваат лажни вести? Едно видео на „Твитер“ е пример за тоа


Лаптоп со позадина Fake news
(Фото: Pixabay)



Ако ве интересира како се создаваат лажни вести кои потоа се шират преку социјалните мрежи, еве еден класичен пример. Инаку, лажните вести честопати се насочени кон бегалците, во обид за ширење десничарска политичка агенда.

Еве да го земеме, на пример, видеото што беше објавено на „Твитер“ каде што се гледа како еден мигрант во Лондон пали весник на празно седиште во градски автобус, а потоа заминува пред огнот да распламти. Видеото подоцна прикажува како гори автобусот.




Чинот, се разбира, сам по себе е страшен, па сосема очекувано привлече големо внимание од многу коментатори, кои главно пишувале во насока на тезата дека Британија итно треба да ги „реши“ мигрантите, но и муслиманите, генерално.

Но, постои еден мал проблем: видеото не е реално. Првиот дел од видеоснимката, каде што момчето го пали весникот, е снимка од безбедносна камера на која се наоѓа петнаесетгодишно момче од Бирмингем. Инцидентот се случил во март 2015 година.

Вториот дел од видеото, каде што се гледа како гори автобусот, е снимен во Луишем во Јужен Лондон, во март 2016 година, а во тој случај едно тринаесетгодишно момче ја призна својата вина за палењето.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура