X
 25.11.2017 Технологија

Се гради целосно нов интернет - Првите корисници за 4 до 5 години

kim
Фото: Getty

Ким Дотком, основач на веб-страницата за споделување фајлови, „Мегааплоуд“, претстави сериозен проект што го нарекува идниот „алтернативен интернет“.

Како што вели тој, со изградбата на алтернативниот интернет сака да постигне приватност и слобода на говор, што со гласање за новиот закон во Америка, се заканува дека ќе биде одземена од обичниот интернет.

Новиот интернет сака да го изгради преку Мега нет, што нема да содржи ај-пи адреси, а сè што ќе се наоѓа на него ќе биде неуништливо, шифрирано и невозможно за контролирање.

Ким вели дека постоечкиот интернет е многу корпоративен, а новиот интернет ќе биде подобар и ќе работи на основата на капацитетот на стотина милиони мобилни уреди, додавајќи дека мрежите и уредите би биле подготвени за четири до пет години.

Колку за потсетување, веста што го раздрма светот е дека постои можност од 14 декември интернетот да не изгледа повеќе исто. Имено, Федералната комисија за комуникации на Америка објави дека ќе го укине законот кој им забранува на провајдерите да се мешаат во она што корисниците гледаат на интернет и колку е тешко или лесно да се пристапи до таа содржина. Сега провајдерите не можат да ѝ овозможуваат посебен третман на некои страници, додека пристапот кон некоја друга дополнително ќе се наплатува.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија