X
 27.11.2017 Образование

Под мотото „11 години посветени на знаењето“ се одржа свечена промоција на дипломирани студенти и магистранти на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

На 26 Ноември 2017 година во Македонската опера и балет во Скопје се одржа уникатна, свечена промоција на деветтата генерација дипломирани студенти на прв циклус студии и на седмата генерација магистрирани студенти на втор циклус студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Настанот ги обедини дипломците и магистрите како креатори на иднината со академската фела, бизнис заедницата, меѓународната и дипломатската заедница во Р. Македонија, граѓанскиот сектор и сите пријатели на образованието како фундаментална алка за спој на сегашноста со иднината. Сосема заслужено, дипломците и магистрите на горделив начин ги примија своите дипломи со кои ќе продолжат да чекорат во иднина. Со ова одликување, димпломираните студенти и магистри на УТМС добиваат меѓународно призната диплома, особено со TedQual сертификацијата, се стекнуваат со конкурентска предност на глобалниот пазар на трудот.



Церемонијата започна со обраќање на ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски кој во својот говор метафорично цитирајќи врвни македонски авторски имиња им се обрати на дипломците со длабока порака за иднината, упорноста, издржливоста и честа укажувајќи при тоа на важноста на образованието. Во тој контекст Ректорот, проф. д-р Миленковски истакна: ,,Да се биде одговорен човек е да си биде пиреј! Ветришта секогаш дувале и ќе дуваат, бури имало и ќе има, но она што човека го прави вечен, она што секој од нас го прави пиреј е знаењето! Затоа што, само знаењето го претвора детето во човек, простиот во мудрец, сиромавиот во богат, грешниот во благородник”.



Понатаму во својот говор Ректорот изрази благодарност до сите соработници на УТМС од земјава и странство: ,,Вашиот придонес кон Универзитетот е непроценлив. Чувствувам потреба јавно да ви заблагодарам што сте со УТМС и што превземате директна улога во етаблирањето на нашите студенти”. Во рамките на својот говор, проф.д-р Миленковски ја акцентираше и важноста на поврзаноста и тимот и упати благодарност за соработката на сите ангажирани кадри на УТМС. Исто така,  Ректорот во рамките на своето обраќање особено им заблагодари на родителите на дипломците за нивната доверба укажувајќи дека во нив ја гледаме нашата иднина: ,, Драги родители, ви ја чувствувам возбудата и срцебиењето. Вие решивте да ми го доверите вашето најмило, а јас се заколнав дека од вашето дете ќе направам човек! Заедно им даваме на нашите деца основа да си го остварат својот сон и можност за исполнување на ветувањата! Зарем не гледаме иднина во нив, подобра од сегашноста, зарем не гледаме надеж, зарем не гледаме инспирација за повеќе.....зарем не се гледаме себеси“.



На свеченоста беа доделени награди и признанија на вработени со врвни достигнувања во образовната и научно-истражувачката работа на УТМС.
Свечената церемонија беше збогатена со балетот „Simply the best”, специјално дизајниран за  Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје кој преставува метафора за развојот и профилирањето на личноста од детството, првите училишни денови, средношколскиот живот, процесот на моделирање на младите лидери, нивната трансформација од матуранти во студенти, а потоа и во професионалци во деловниот свет.



По доделувањето на дипломите и традиционалното фрлање на капите, свеченоста беше одбележана со коктел за сите присутни гости.
Импресивната промоција на УТМС предизвика воодушевувањето и задоволството на дипломците и магистрите, нивните семејства и пријатели, како и на другите гости.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование