X
 27.11.2017 Образование

УКЛО во соработка со Американското катче и Американската амбасада на САД организира Меѓународен саем за образование

saem

Американското Катче Битола, Амбасадата на САД во Македонија и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола на 30-ти ноември од 10:00 до 14:00 часот на Технички Факултет Битола организираат Меѓународен Саем за Образование. На Саемот ќе учествуваат релевантни институции и организации кои активно работат на овозможување учество на младите луѓе од Битола и регионот во меѓународни проекти и програми.

Учесници на Саемот се:

 Американската Амбасада во Македонија
- Канцеларијата за меѓународна соработка на УКЛО
- Кариерниот Центар КРЕДО
- Француската Алијанса
- Францускиот Институт
- ИМКА Битола
- СФЕРА Битола
- IAESTE Bitola
- AIESEC Prilep
- Students for Liberty - Macedonia
- Американското Катче Битола

Доколку сакате да се запознаете со програмите и можностите кои ги нудат, слободно посетете го саемот во четврток, 10:00 - 14:00, Свечена сала, втор кат, Технички Факултет Битола.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование