Олимпискиот тим
Шест ученици од Македонија ќе ја претстават нашата земја на 14. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки што ќе се одржи од 3 до 12 декември во Арнхем и Најмеген, Холандија. Меѓу другото, тие ќе се претстават со триминутното видео
How do you solve water посветено на Охридското Езеро.
Во Холандија ќе патуваат Мила Ивановска и Леонид Сајков, прва година во битолакста гимназија „Јосип Броз - Тито“, Јован Петров, деветодделенец во гевгелиското училиште „Крсте Мисирков“, Константин Трипуновски, ученик во прва година во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, Христина Митреска, прва година во „Јахја Кемал“ во Струга и нејзината врсничка Јована Стојческа од прилепското училиште „Ѓорче Петров“.
Последните подготовки на Институтот за физика при ПМФ
Олимпискиот тим се подготвуваше на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Шесте ученици победија на Првата македонска олимпијада по природни науки, која се одржа кн крајот на август на ПМФ, а ја организираа Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).