X
 28.11.2017 Наука

Највлијателните живи научници во светот

Некои научници имале големо влијание врз секојдневието и животот, воопшто. Ова е листа со 10 од нив:


1. Тимоти Бернерс-Ли

Човекот кој стои зад интернетот. Британски компјутерски научник, особено познат поради неговиот предлог за споделување информации преку користење на технологијата „хајпертекст“. Бернерс-Ли исто така ја креира првата веб-страница во 1991 година.

2. Стивен Хокинг

Најпознатиот жив научник на светот. Неговиот придонес кон нашето разбирање на Теоријата на биг бенг, црните дупки и релативноста е огромен. Исто така е познат по своите идеи за гравитациски теореми на сингуларност во рамка на генерална релативност, како и теоретско предвидување дека црните дупки емитуваат радијација. Неговите достигнувања се исто така и инспирација за луѓето со инвалидитет.

3. Џејн Гудал

Британски приматолог, позната како експерт за шимпанза. Изучувала социјални и семејни интеракции кај дивите шимпанза над 55 години. Нејзината револуционерна работа покажала дека шимпанзата, не само луѓето, можат да направат и да користат алатки. Исто така, открила дека тие имаат и насилна природа, па можно е да ловат и да јадат помали мајмуни.

фотоизвор: Getty Images

4. Алан Гут

Американски теоретски физичар и космолог, тој ја развил теоријата за космичка инфлација. Презентирал неверојатни идеи за инфлаторната теорија, откривајќи зошто космосот е голем колку што е.

5. Ашоке Сен

Индиски теоретски физичар, има добиено многубројни интернационални награди. Дал огромен придонес во теоријата на низа.



6. Џејмс Ватсон

Американски молекуларен биолог и генетичар, познат како еден од откривачите на двојната хеликс структура на ДНК во 1953 година, за што добил Нобелова награда.

7. Ту Јују

Првата жена од Кина што добила Нобелова награда во 2015 за нејзината работа во креирањето лек против маларија, со што се спасиле милиони животи во Азија и во Африка. Се потпрела на традиционална кинеска медицина, па ги создала артемисининот и дихидроартеминининот, кои помогнале за подобрување на здравјето кај луѓето што живеат во тропска клима.

8. Ноам Чомски

Американски лингвист и политички активист, Чомски влијаел врз светот во повеќе области. Се смета за татко на модерната лингвистика, а е и основач на когнитивната наука.

9. Шинија Јаманака

Научник од Јапонија кој добил Нобелова награда за откритието дека постојните клетки во телото може да бидат претворени во матични клетки.

10. Елизабет Блекбрн

Молекуларен биолог со освоена Нобелова награда во 2009 година за нејзиното истражување за забавување на стареењето, односно придобивките од теломерите – структура која ги заштитува хромозомите.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука