X
 02.12.2017 Технологија

„Јутјуб“ воведува голема новина во рамки на својата апликација!


Youtube Reels
(Фото: Youtube screenshot)


Деновиве „Јутјуб“ го најави бета-тестирањето на својата верзија на „Снепчет Сторис“. На крајот на 2013 година, „Снепчет“ по првпат го најави Сторис, а неговиот формат досега го ископирале речиси сите апликации на социјалните мрежи, како „Инстаграм“, „Скајп“, „Фејсбук“ и неговиот Месинџер и апликацијата „Меч дејтинг“. Инаку, станува збор за засебен канал во рамки на апликацијата каде што се објавуваат слики и видеозаписи кои исчезнуваат во рок од 24 часа.

Меѓутоа, овој на „Јутјуб“ што го имануваат како „Рилс“ (Reels) е малку поразличен.Станува збор за нивната посебна верзија на форматот на Сторис, а не за верна копија на „фората“ на „Снепчет“. „Рилс“ нема да се наоѓа над Feed-от на апликацијата како што е случајот со „Инстаграм“, туку ќе се наоѓа во рамки на посебен канал „Криејторс“ (Creators), што „Јутјуб“ го намени за своите поголеми автори.

Само за автори со повеќе од 10.000 претплатници


Во својата објава, „Рилс“ ги појаснуваат новите функции за авторите кои имаат повеќе од 10.000 претплатници. Во текот на бета-тестирањето на функциите, само неколку автори ќе добијат нова функционалност. „Јутјуб“ тврди дека новиот видео-формат на „Рилс“ ќе им овозможи на авторите изразување без потреба за прикачување на целото видео, што бара многу поголем труд.

Како и некои други апликации, авторите ќе можат да прикачуваат кратки видеозаписи од 30 секунди снимка со телефон, па потоа ќе ги обработуваат со различни филтри, позадинска музика, текст и слични нешта. Меѓутоа, за разлика од другите платформи, овие што се направени во „Рилс“ нема да исчезнат, туку авторите на „Јутјуб“ ќе можат да ги монтираат.

Веројатно, „Рилс“ нема да бидат опсипани со критики

Корисниците често замерувале за инвазивноста на сториите на „Фејсбук“ и „Месинџер“, кои заземаат простор во рамки на апликацијата, дури и да не се користат често. „Рилс“ ќе се наоѓа во посебен оддел од апликацијата, па нема толку да им боде очи на корисниците.

„Рилс“ е дел од проширувањето на функциите на „Јутјуб“. Минатата година го лансираа „Јутјуб Комјунити“, помала социјална мрежа во рамки на „Јутјуб“, каде што авторите и корисниците можат да разменуваат различни пораки, гифови и слики. На тој начин сакаат комуникацијата со авторите да ја задржат во рамки на апликацијата „Јутјуб“, наместо досегашното користење на „Фејсбук“ и „Твитер“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија