X
 04.12.2017 Живот

Предновогодишно Бизнис-кафе: „Понесете со себе широка насмевка и позитивна енергија“

Периодот од само неколку дена пред новата 2018 година е одлично време да се постават „резолуциите“ и „определбите“ за годината што нè очекува.



Повеќе пари, подобра грижа за здравјето, повеќе дружење со пријателите или едноставно повеќе посетени туристички дестинации – се дел од целите што веројатно многумина од сите нас ќе си ги постават. Ние од „Бизнис-кафе Македонија“ имаме уште една да додадеме: „Ќе создадеме уште поуспешни бизнис-конекции, ќе мотивираме уште повеќе претприемачи и ќе им помагаме на сите да бидат подобри и поуспешни во тоа што го работат“, и знаете што, нема да чекаме за тоа да помине 31 декември, туку почнуваме уште неделава! :)

Ве покануваме да ја отвориме заедно новата (5-та) сезона од Бизнис-кафе оваа среда (6 декември) со почеток од 18:00 часот во Next Bar во Скопје, на нова бизнис-дружба да споделиме енергија што ќе нè мотивира во целата наредна година!

Со нас овој пат имаме 3 успешни професионалци што ќе ни ги споделат своите бизнис-искуства и ќе нè посоветуваат што мора да направиме и на што мора да внимаваме. Дојдете да се дружиме заедно со: Младен Чадиковски, главниот и одговорен уредник на Телевизија24, со Донка Марковска, директорка на сектор за финансиско управување во НЛБ Банка, и младата Ива Спасовска, сопственик на модно ателје.

Подгответе:

- добри прашања што ќе можете да ги поставите за време на разговорот на модераторот со гостите или подоцна во делот за неформално дружење, желба за вмрежување со уште 100-ина други успешни бизнисмени (земете повеќе визит-карти).

- широка насмевка и позитивна енергија!

Заедно да се мотивираме и да се дружиме! Се гледаме в среда од 18:00 часот во Next Bar во Скопје.

Повеќе информации за тоа како да си ја резервирате Вашата карта за настанот прочитајте ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот