X
 04.12.2017 Култура

Турската литература – најдобра на Балканот

Мурат Озиашар e добитник на наградата „Балканика“ за 2016 година, за неговата книга Yellow laugh. Ова беше соопштено синоќа на доделувањето на наградата во киното „Фросина“. Меѓу седумте кандидати за наградата беше Лидија Димковска, за романот „Но-Уи“ („Или-Или“).


Мурат Озиашар за Yellow laugh ја доби „Балканика“ за 2016 год.

Меѓународната награда за 2015-та година ја освои албанскиот автор Башким Шеху за книгата „The Game, the fall“. Наш кандидат за оваа награда лани беше Владимир Јанковски со романот „Невидливи љубови“ на „Антолог“.

Меѓународното жири, составено од седум реномирани книжевни критичари од секоја држава, го предводеше претседателот на жири-комисијата, професорот Ендрју Вахтел од САД.
Фондацијата „Балканика“ е основана во 1996 година, од страна на релевантни издавачки куќи од седум држави од Балканот: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија.
Подготвил: С.Ѓ
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура