X
 04.12.2017 Култура

УКЛО со повеќе настани и манифестации ќе го одбележи Патрониот празник

uklo

По повод 8 декември, патрониот празник на УКЛО, ќе се одржат повеќе настани и манифестации што ќе го одбележат денот.

Имено, на 5 декември со почеток во 11.00 часот, во Салата за состаноци во комплексот Касарни-Битола, УКЛО организира свечена промоција на доктори на науки, додека на 6 декември со почеток во 10.00 часот во Ректоратот ќе се потпишува Договор за соработка помеѓу УКЛО и Општина Битола. После тоа следува полагање цвеќе пред споменикот на Патронот, а во 12.00 часот, во Народниот театар Битола ќе се одржи Свечена академија на која ќе бидат доделени пофалници од УКЛО за најдобро дипломираните студенти во академската 2016/2017 година, и ќе се доделат наградите на студентите учесници на Конкурсот за истражувачки труд и есеј.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура