X
 04.12.2017 Забава

Зошто уште нема главен филмски фаворит за „Оскар“?

Предвидувачите на наградите „Оскар“ се луѓето што ги гледаат филмовите од последната година и се обидуваат да предвидат што може да влезе во категоријата за најпрестижната филмска награда.

fi

Интересно е што многумина имаат чудни коментари за филмовите за кои се смета дека ќе влезат во конкуренција за многубројните категории. Гласачите од Академијата беа поголеми авантуристи во 2010, освен минатата година кога се случи досега невиден настан - прогласување погрешен добитник на „Оскар“ за најдобар филм. Предвидувањето на ваквите работи навистина е тешко, но всушност постојат 3 причини поради кои тој процес е отежнат:

1. Членството на Академијата е многу помладо и поразлично отколку пред 2 години

Сега членството брои различни лица, во однос на раса, пол, националност и слично. Исто така, поголемиот број членови се помлади луѓе, со модерни гледишта, па класичните филмови што порано се сметало дека се најсигурни кандидати за „Оскар“ сега можеби и нема да бидат во конкуренција за награда. Овој пат работите може да бидат непредвидливи и изненадувачки, особено поради промената на членството, настан што се случува повремено.

2. Можеби нема главен фаворит бидејќи никој не сака да биде главен фаворит

Ова е така затоа што минатите години медиумите беа брутални со главните фаворити. Изгледите ќе покажуваат симпатии кон одредено филмско остварување, за крајната слика да биде сосема поинаква. Минатата година, на пример, „Ла ла ленд“ беше еден од најголемите фаворити што некогаш постоеле, со 14 номинации, па сепак не го доби „Оскарот“ за најдобар филм. Па така и одредувањето главен фаворит веќе не значи дека токму тој филм ќе победи.

3. Предвидувањето на „Оскарите“ значи и предвидување на Доналд Трамп

Навратете се на говорот на Мерил Стрип на „Златните глобуси“ кога им порача на медиумите да ја следат ситуацијата во Белата куќа. Замислете ако добие Оскар и повторно упати критика кон претседателот. Уште наредното утро претседателот ќе има објава на „Твитер“ како и минатиот пат, каде што ќе го изрази гневот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава