X
 05.12.2017 Образование

Академик Камбовски за универзитетите: Ако ме прашате мене, уште утре би затворил повеќе од нив





Фото: МИА

Потребно е ригорозно преиспитување на мрежата на високообразовни институции во земјава, изјави денеска академик Владо Камбовски, претседателот на Одборот за акредитација и евалуација. Тој на регионалната конференција посветена на обезбедувањето квалитет во високото образование рече дека многу институции во оваа област не ги исполнуваат основните законски услови за остварување високообразовна дејност.

- Имаме 25 универзитети, имаме над 130 факултети, односно единици во универзитетите и според нашите податоци, имаме околу 1500 студиски програми. Тоа е една невозможна ситуација. Претставници на одбори за акредитација во други земји укажуваат дека ние сме западнале во некоја хипертрофирана мрежа на студиски програми. Само оваа година пред нашиот Одбор биле акредирани можеби 500 или 600 студиски програми - рече Камбовски.

Тој посочи дека проблемот го гледа особено кај приватните универзитети, а целата состојба е резултат на недоволно обмислена политика во високото образование која, одела повеќе кон задоволување на политички и квантитативни критериуми, отколку во потрага на квалитет.
На прашањето дали ова значи дека ќе има затворање на некои универзитети, Камбовски одговори:
- Ако ме прашате мене, јас уште утре би затворил повеќе од нив. Но, нашиот Одбор не се занимава со тоа. Тоа е работа на Министерството за образование и наука и на инспекциите. Ние можеме да сугерираме низ анализите што ќе ги направиме - рече Камбовски.

 Министерката за образование и наука Рената Дескоска најави дека новиот закон за високото обрзование е готов и до крајот на месецов ќе биде ставен на ЕНЕР (електронски регистар на прописи ener.gov.mk). Една од новините кои се предлагаат е измена во функционирањето на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, односно негово одделување во два органа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование