X
 05.12.2017 Живот

Стари воздушни оружја што се користеле во војна

Старите воздушни оружја имале интересни форми. Од падобрани до бомби, човековата генијалност за креирање оружја изгледа нема граници. Во продолжение дознајте за петте стари воени оружја што датираат од античко време до ренесансна Европа:


1. Ренесансен падобран

Изгледа дека падобранот не е модерна иновација. Оној од 17 век од Венеција е креиран од хрватскиот иноватор Фаусто Веранцио, кој бил инспириран од концептите на Леонардо да Винчи, па решил да ја подобри неговата идеја. Студирал инженерство и математика во Прага, а имал влијание и од научници како Јохан Кеплер. Неговиот дизајн подразбирал лесна дрвена рамка со материјал поставен врз неа. Падобранот бил успешно тестиран.

2. Ракета-врана

Ова античко воздушно оружје сигурно предизвикувало терор во средновековните битки. Благодарение на измислувањето на барутот, Кинезите можеле да произведуваат многу уреди, меѓу кои и „Магичната летечка врана“. Се работело за експлозив во форма на птица, засилен со неколку мали ракети. Уредот бил опишан во антички кинески текст од 14 век, каде што се објаснувало дека моделот бил ист како птица, со крилја и опашка и можел да гони експлозиви за да се уништат непријателските бродови и војски. Кинеските инженери ја наполниле ракетата со барут, концепт што бил напреден за тоа време.

3. Змеј-бомбаш

фото извор: Christ Church

Еден пример за старо воздушно оружје доаѓа од средновековна Англија. Во книга стара 700 години било опишано оружје кое личело на змеј (за летање), а се користело за битки. На неговото дно била прикачена бомба. Сепак, дали нападот ќе биде успешен, во најголема мера зависело од временските услови.

4. Архимедовиот смртоносен зрак

Архимед, математичар, инженер, иноватор и астроном од Грција, можеби го развил античкиот смртоносен зрак. Се сметало дека оружјето е направено за да се одбрани Сиракуза од поморски напад. Било составено од големи рефлектори на кои сончевата светлина се фокусирала кон бродовите што се приближувале. По нападот со зракот, бродовите најчесто завршувале во пламени. Сепак, постоењето на оружјето е преиспитувано од историчарите.



5. Врескачки стрели

Оружје наменето за контрола на целото воено поле. Воените полиња се гласни и збунувачки места за војниците. За командантите од 2 век во Кина било потребно обезбедување на визуелни и аудиторни сигнали за трупите. Па така, креирале врескачки стрели. Премногу големи за да можат да патуваат далеку, па врвовите им биле со дупки. Командантите ги користеле за да ги координираат своите сили и да им покажат каде да се движат или да нападнат. Биле користени и од самураите.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот