X
 06.12.2017 Живот

Оглас што ја подели Хрватска - „Зошто имате деца кога не можете да се жртвувате за нив?“

oglas
Фото: Thinkstock

Меѓу многубројните огласи за работа на „Фејсбук“ се најде и еден несекојдневен во кој се бара дадилка. Во огласот се бара дадилка потребна од 23 часот до 7 часот наутро. Откако огласот бил споделен во популарната група „Дневна доза на просечниот Далматинец“, следувала лавина од коментари.

„Се бара дадилка - бараме дадилка која повремено во ноќните часови ќе го чува бебето старо две недели (на пример, од 23 часот до 7 часот наутро). Бебето се буди на секои 2-3 часи. Кога ќе се разбуди, би требало да се нахрани и да заспие, и евентуално да му се смени пелена. Родителите за тоа време ќе бидат во станот, но треба да се одморат, односно да спијат додека дадилката го чува бебето.



„Зошто имате дете кога не можете да ја поднесете жртвата во вид на непроспиена ноќ? Што ќе биде ако ви прави проблеми кога ќе порасне?“, е само еден од бурните коментари.

Огласот ги подели корисниците на оние што сметаат дека деца не треба да имаат тие што не се подготвени за „ноќно дежурство“ и на оние што сметаат дека за бебето е најдобро кога родителите се одморени.

„Сите плукаат, а на сите мајките/бабите/свекрвите им ги гледаат децата. Можеби жената работи наутро, можеби е болна, можеби едноставно нема сила, не сме сите исти“, вели друг коментар.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот