X
 06.12.2017 Образование

Полна торба медали за гевгелиските актери и хористи

Златен, сребрен и два бронзени медали освоија двете драмски групи и мешаниот хор на гимназијата „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ на фестивалот „Утринска ѕвезда“, заштитен од УНЕСКО

Со четири медали дома се вратија учениците и професорите од гимназијата „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, кои учествуаа на Меѓународниот уметнички фестивал „Утринска ѕвезда“ во Банско, Бугарија.


Професорката Даниела Џишева со своите Донкихотовци

Драмската група „Дон Кихот“ за претставата „Кројач на дами“ освои златен медал, под менторство на професорката Даниела Џишева. Сребрен медал освои средношколскиот мешан хор под раководство на проф. Илија Атанасов, а со две бронзи се врати драмската група „Титанија“ за претставите „Дон Жуан“ и „Сомнитело лице“, под раководство на професорката Жаклина Атанасова.

Сцена од Дон Жуан

Ова е трето учество на ученици од оваа гимназија на фестивалот, кој е под заштита на УНЕСКО. И во претходните години гимназијата освојувала неколку награди. Фестивалот се организира четири пати годишно во: Албена, Софија, Перник и Банско.

Сцена од претставата „Кројач на дами“

- Фестивалот опфаќа повеќе уметности – театар, хорско пеење, хип-хоп, балет. Нашите ученици поминаа одлично, си добија медали и беа пресреќни. Откако организаторите ја изгледаа „Кројач на дами“, ми се свртеа да прашаат дали станува збор за професионален театар. Ова е одлично искуство за сите учеснцици – ни изјави професорката Даниела Џишева, која повеќе од 20 години ја раковиди театарската група „Дон Кихот“.

На фестивалот учествувале уште две драмски групи од училишта од Кавадарци.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование