X
 07.12.2017 Економија

Како се живее надвор од Македонија: просечни плати во европските земји и во регионот

eu

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, изнесува 104,7.

Тоа значи дека просечната нето-плата на вработен за една година пораснала за само 4,7 индексни поени.

Или, просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во септември 2017 година изнесува 23.229 денари, или околу 380 евра.

За споредба, просечната нето-плата во БиХ за септември 2017 изнесувала 844 марки, или околу 430 евра.

Разликите во исплатените нето-плати за месец септември во регионов се значителни, но тоа не е ништо во споредба со разликите меѓу земјите-членки на Европската Унија.

За да се погледне разликата во исплатените нето-плати меѓу Македонија и земјите од регионот и земјите од ЕУ ги споредивме достапните статистички податоци.

Заклучокот е дека минималните плати значително се разликуваат меѓу регионите од Европа. Предничат земјите од Западна Европа и Скандинавија, каде што просекот на месечните нето-плати исплатени на вработен главно го преминуваат прагот од 2.000 евра. Така во земјите-членки на ЕУ највисоки просечни нето-плати се исплатени во Данска (3.095 евра), додека најниска е платата во Бугарија (406 евра).

Во табелата што следува се наведени просечните нето-плати во земјите од ЕУ, меѓу кои од регионов се наоѓаат Словенија (1.074 евра), Хрватска (792 евра), а достапни се и податоци за другите земји од нашиот регион: Црна Гора (510 евра) и  Србија (409 евра).

Најниска исплатена нето-плата на месечно ниво на вработен во Македонија е 372 евра.

eu
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија